штекер | м.

Приклучок, контакт за струја. Модерни штекери на ѕидовите. Расипан штекер.

штелува | несв.

Стокми, намести, дотера, регулира машина, апарат и сл. Мајсторот ја штелуваше програмата на машината.

штембил | м.

Печат, жиг со определена форма и назнаки; Писмо со штембил. Нов штембил. Стари штембили.

штенечак | м.

Заразна болест кај кучиња, обично се јавува во раната возраст.

штеп | м.

Провлечен, сошиен конец низ ткаенина во конечната фаза во процесот на шиење. Штеп со бел конец. Штепови од страните на фустанот.

штепува | несв.

Провлекува конец за спојување на материјалот во последната фаза во процесот на шиење, прошие, сошие; рачно или машински шие. Таа го штепуваше здолништето со свилен конец. Мајсторот го штепувал палтото со украсни штепови.

штета | ж.

Загуба, материјална или морална состојба на намалување на вредноста на нешто. Тие проценија штета од неколку милиони. Непроценлива штета. Материјална штета. Штетата ќе се процени од страна на стручни лица. Таа му нанесе штета и болка.

штетен | прид.

Што не влијае добро, што прави штета. Штетна храна за бебиња. Штетни материи. Штетен лек. Штетни емоции. Штетни мисли.

штети | св.

Направи штета некому; Ваквиот живот му штети на здравјето. Сушата им штети на пиперките. Загадениот воздух им штети на луѓето.

штетник | м.

Животно, инсект и сл. што нанесува, прави штета врз другиот растителен или животински свет. Низ житото има различни штетници. Домашни штетници. Од инсектите најголеми штетници се скакулците. Молците се штетници.