штафетен | прид.
Што се однесува на штафета. Штафетна палка. Штафетна трка.
штедар | прид.
Дарежлив, обилен, изобилен. Штедри трпези. Штедра препорака.
штедач | м.
Тој што штеди, што троши воздржано, што е економичен. Тој внимава на сѐ, голем штедач е. Кај штедачите секогаш има пари.
штеден | прид.
Што се однесува, што припаѓа на штедач. Штеден влог. Штедна книшка.
штеди | несв.
Чува нешто (платежни средства, пари, материјал и др.), не троши, остава настрана. Тој цела зима ги штеди дрвата. Таа го штеди слаткото за гости. Тие штедат од пензијата за тешки времиња. Домаќинката го штеди маслото.
штедилница | ж.
Институција каде што се оставаат пари на чување, место каде што се штедат пари и каде се дава заем (кредит) со определени камати. Поштенска штедилница. Зеде заем од штедилницата.
штедлив | прид.
Што е економичен, што успева да заштеди пари и други средства. Штедливо момче. Тие се штедливо семејство, половина плата ја ставаат настрана.
штедливец | м.
штедач.
штедрота | ж.
штека | ж.
Пакување, пакет од 10 кутии цигари или некоја друга слична стока. Штека цигари. Штека женски тенки чорапи. Камионот беше полн со пакети со штеки цигари.