штурмовик | м.
Еден тип воен авион.
штуротија | ж.
Сиромаштија, бедотија. Живеат во една штуротија.
штурче | ср.
Приказната за штурчето.
Штутгарт | м.
Град во Германија.
штутка се | несв.
Се движи без некоја цел како замајан, оди наваму натаму. Момчето нервозно се штутка низ дворот.
шуба | ж.
Долга зимска облека поставена со кожа. Квалитетни шуби. Црна шуба.
шубара | ж.
Вид крзнена капа, капа од кожа. Војничка шубара. Крзнена шубара. Шубара од еколошка кожа.
шубе | ср.
Несигурност, сомнеж. Мене ми е шубе да јадам кај неа.
шубелдиса се | св.
Се посомнева, почувствува несигурност, сомнеж; стане шубелија. Тие се шубелдисаа околу купувањето куќа.
шубелија | прид.
Сомничав, несигурен човек. Тој постојано е шубелија.