штура се | несв.
Се влечка, се шетка без определена цел и насока. Тие се штураа низ паркот. Таа се штура низ дома.
штурее | несв.
Пустее, осиромашува, венее. Таа само штурее. Нашите градини штуреат и полињата опустеа.
штурелија | м.
Пустелија. Тие живеат во една штурелија.
штурец | м.
Вид инсект што постојано испушта специфичен звук; Gryllus campestris. Црцор на штурци.
штури 1 | несв.
За штурец – црцори, испушта специфичен звук. Штурците штурат. Штури едно штурче во дворот.
штури 2 | несв.
Прави нешто, се обидува, прави што било; за секакви дејства. Штуреа, мислеа за да го смират момчето. Ќе правиш, ќе штуриш, само донеси го кај мене.
штурина | ж.
Погрден назив за човек (обично жена) или за животно; тој што е мрзелив, безвреден, запустен, сиромашен во секој поглед. Таа е невидена штурина, немиена и неиспрана. Тоа не е маж, тој е штурина.
штурка 1 | несв.
Црцори со намален интензитет; Во ноќната тишина штуркаа штурците.
штурка 2 | несв.
Штури по малку или уште помалку; Мисли, штурка и ништо не смислува.
штурм | м.
Јуриш, силен напад врз непријателот.