шушки | и.
Суви лисја, прачки, деланки, грмушка, трње; шушка2_2. Во градината останале само шушки.
шушкот | м.
Шум што се слуша при шушкање. Од собата се слушаше шушкот. Притаени шушкоти.
шушлак | м.
шушлее | несв.
Шушка малку или уште помалку;
шушлек | м.
Ситни отпадоци, ситни честички од нешто. Собата беше полна со шушлек од распаднатиот дрвен кревет.
шушли | несв.
шушлив | прид.
Што шушка, што испушта шушкав звук; Шушливи гласови. Шушливи лисје. Шушлив фустан.
шушлоп | м.
шушне | св.
Произведе, издаде шум, шушка. Шушна нешто во соседната соба. Во гранките шушна птица. Таа шушна со ладалото и проговори.
шушол | м.
Звук што се слуша при шушкање; Притаен шушол. Ненадеен шушол од дупката.