шушука | несв.

Зборува тивко, тајно дошепнува, шепка, се договара со шепотење. Девојчињата си шушукаа нешто.

шушукне | св.

Каже, изрече нешто тајно. Таа ќе им шушукне на сестрите за сѐ што се случи тука.

шушули | несв.

шушулка | несв.

шушумига | ж.

Приглуп човек, будалетинка, припрост, недоветен човек. Таа има за маж еден шушумига. И таа е шушумига како него.

шушурка се | несв.

Неопределно шета и непотребно губи време на неважни работи; . Тој се загледува во сѐ и се шушурка низ селото.

шуќур | мод.

Израз на благодарност, фала богу, фала му на Бога. Шуќур дојде време и за нас. Шуќур останавме дома.

шчи | ср.

Руско национално јадење; еден вид манџа, чорба со зелка, компири и др.

шчучури се | св.

Се свие, се поднаведне, заземе свиена положба на телото. Тој се шчучури до дрвото и ги затвори очите. Таа се шчучури до него и глас не пушти.

шшш! | изв.