чад

Именка, машки род

Спореди: дим.

Значење на чад:

Ситни честички и гасовити производи од согорување што се креваат во воздухот кога нешто гори; Се крена бел чад и пепел. Густ чад. Барутен чад. Тутунов чад. Чадот од оџаците се извиваше над куќите.

Множина: чада, чадје, чадови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ако ми е оџакот крив, чадот нека ми оди право (посл.) ‒ каков и да сум, само рабатота нека ми оди добро. Каде што има чад има и оган ‒ каде што се навестува нешто во мала количина, во мала мера, мора да има и нешто поголемо, посериозно.

Оригинални податоци:

чад, мн. чадови, избр. мн. чада, зб. мн. чадје м. Ситни честички и гасовити производи од согорување што се креваат во воздухот кога нешто гори; сп. дим. Се крена бел чад и пепел. Густ чад. Барутен чад. Тутунов чад. Чадот од оџаците се извиваше над куќите. ◊ Ако ми е оџакот крив, чадот нека ми оди право (посл.) ‒ каков и да сум, само рабатота нека ми оди добро. Каде што има чад има и оган ‒ каде што се навестува нешто во мала количина, во мала мера, мора да има и нешто поголемо, посериозно.