длабина

Именка, женски род

Спореди: длабочина.

Значење на длабина:

1. Растојание од површината, од врвот на нешто до дното; длабочина; висина, височина. Долу во длабините на кладенецот тропотливо одѕвонуваа камењата.

2. Место или простор оддалечен од почетокот на нешто, во внатрешноста, во средината на нешто. Полека навлегоа во длабините на густата шума.

3. (прен.) Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување. Неговото дело се карактеризира со длабина и мудрост.

Множина: длабини.

Изведени зборови:

  • длабински, прид. длабинскиот Што оди во длабина. Длабинска анализа. Длабинска структура.

Фразеолошки израз / поговорка:

Во длабините на душата (срцето) – длабоко во себе. Од длабината на душата (мрази, сака, чувствува) – во најголема мера, многу, силно.

Оригинални податоци:

длабина, мн. длабини ж. сп. длабочина. 1. Растојание од површината, од врвот на нешто до дното; длабочина; спрот. висина, височина. Долу во длабините на кладенецот тропотливо одѕвонуваа камењата. 2. Место или простор оддалечен од почетокот на нешто, во внатрешноста, во средината на нешто. Полека навлегоа во длабините на густата шума. 3. (прен.) Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување. Неговото дело се карактеризира со длабина и мудрост. ◊ Во длабините на душата (срцето) – длабоко во себе. Од длабината на душата (мрази, сака, чувствува) – во најголема мера, многу, силно. ǁ длабински, длабинскиот прид. Што оди во длабина. Длабинска анализа. Длабинска структура.