длабочина
Спореди: длабина.
Значење на длабочина:
1. Растојанието од површината, од врвот на нешто до дното или до некоја точка надолу; височина. Морска длабочина.
2. Простор, пространство што се наоѓа на голема оддалеченост од површината. Се сретнувал со нив во длабочините на водата и знае дека тие се погодни за пливање.
3. Место или простор оддалечен од почетокот на нешто, во внатрешноста, во средината на нешто. Гледаше во длабочината на дворот чекајќи важен гостин или настан.
4. Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување. Природно беше што не ја сфатив длабочината на нивната љубов. Длабочината на знаењата претпоставува ученикот да знае факти.
Множина: длабочини.
Изведени зборови:
- длабочински, прид. длабочинскиот
Оригинални податоци:
длабочина, мн. длабочини ж. сп. длабина. 1. Растојанието од површината, од врвот на нешто до дното или до некоја точка надолу; спрот. височина. Морска длабочина. 2. Простор, пространство што се наоѓа на голема оддалеченост од површината. Се сретнувал со нив во длабочините на водата и знае дека тие се погодни за пливање. 3. Место или простор оддалечен од почетокот на нешто, во внатрешноста, во средината на нешто. Гледаше во длабочината на дворот чекајќи важен гостин или настан. 4. Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување. Природно беше што не ја сфатив длабочината на нивната љубов. Длабочината на знаењата претпоставува ученикот да знае факти. ǁ длабочински, длабочинскиот прид.