дојде

Глагол, свршен

Спореди: иде.

Значење на дојде:

1. Одејќи или движејќи се со превозно средство пристигне на местото до оној што зборува, стигне, пристигне. Дојди да ти кажам нешто. Војниците дојдоа во селото.

2. (Си) се врати дома, во своето место (град, село и сл.). Синот (си) дојде од војска. Денес си дојдов порано.

3. Пристигне нешто. Дојде писмото од татко ти. Дојдоа книгите.

4. За нешта што се примаат со сетилата, се почувствува. Дојде звук на камбана. Одеднаш дојде силна топлина. Дојде силна миризба на чад.

5. За вода – надојде. Реката дојде до првите куќи.

6. За време, сезона, празник и сл. Дојде пролетта. Дојде осум часот. Дојде Велигден.

7. (разг.) Припадне, добие (дел при поделба). На секого му дојдоа по две круши.

8. Се покаже, испадне некаков. Фустанот дојде малку тесен. Ѕидот дошол накриво.

9. безл. ми (ти, му ...) Добие некакво расположение. Му дојде жал. Ми дојде да се расплачам, да викам.

10. Во состави со предлог и некои именки. Дојде на власт (на положба). Дојде до израз. Дојде на ред (му дојде редот). Дојде до збор. Дојде до заклучок.

Коњугација: дојдат , дојден, дојдете , дојди , дојдоа , дојдов , дошле , дошол , (ќе) дојдеа , (ќе) дојдев , (ќе) дојдел .

Изведени зборови:

  • доаѓа, глаг. несв. доаѓаат
  • доаѓање, глаг. им. ср.
  • дојдува, глаг. повт. дојдуваат
  • дојдување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дојде на свет – се роди. Дојде на себе – се поврати во нормална состојба, од претрпен шок. Дојде на глава – погоди (вообичаена) грижа некого. И војната ни дојде на глава. Дојде до гуша (преку глава) до нос – стигне до состојба на нетрпеливост. Дојде на памет (на ум) – се сети за нешто, му текне нешто. (Му) дојде паметот (умот) – се опамети. Дојде до него /до уши – разбере нешто. Дојде до рака/на рака – е во контакт со нешто. Дојде до ак (разг., арх.) – надмудри, совлада некого. (Му) дојде зорт – е во неволја. Му дојде душата во носот – се преплаши. Ќе дојде колце на тркалце – ќе се промени ситуацијата.

Оригинални податоци:

дојде, дојдат; дојди, дојдете; дојдов, дојдоа; дошол, дошле; (ќе) дојдев, (ќе) дојдеа; (ќе) дојдел; дојден, св. сп. иде. 1. Одејќи или движејќи се со превозно средство пристигне на местото до оној што зборува, стигне, пристигне. Дојди да ти кажам нешто. Војниците дојдоа во селото. 2. (Си) се врати дома, во своето место (град, село и сл.). Синот (си) дојде од војска. Денес си дојдов порано. 3. Пристигне нешто. Дојде писмото од татко ти. Дојдоа книгите. 4. За нешта што се примаат со сетилата, се почувствува. Дојде звук на камбана. Одеднаш дојде силна топлина. Дојде силна миризба на чад. 5. За вода – надојде. Реката дојде до првите куќи. 6. За време, сезона, празник и сл. Дојде пролетта. Дојде осум часот. Дојде Велигден. 7. (разг.) Припадне, добие (дел при поделба). На секого му дојдоа по две круши. 8. Се покаже, испадне некаков. Фустанот дојде малку тесен. Ѕидот дошол накриво. 9. безл. ми (ти, му ...) Добие некакво расположение. Му дојде жал. Ми дојде да се расплачам, да викам. 10. Во состави со предлог и некои именки. Дојде на власт (на положба). Дојде до израз. Дојде на ред (му дојде редот). Дојде до збор. Дојде до заклучок. ◊ Дојде на свет – се роди. Дојде на себе – се поврати во нормална состојба, од претрпен шок. Дојде на глава – погоди (вообичаена) грижа некого. И војната ни дојде на глава. Дојде до гуша (преку глава) до нос – стигне до состојба на нетрпеливост. Дојде на памет (на ум) – се сети за нешто, му текне нешто. (Му) дојде паметот (умот) – се опамети. Дојде до него /до уши – разбере нешто. Дојде до рака/на рака – е во контакт со нешто. Дојде до ак (разг., арх.) – надмудри, совлада некого. (Му) дојде зорт – е во неволја. Му дојде душата во носот – се преплаши. Ќе дојде колце на тркалце – ќе се промени ситуацијата. ǁ доаѓа, доаѓаат несв. ǁ дојдува, дојдуваат повт. ǁ глаг. им. доаѓање ср. ǁ глаг. им. дојдување ср.