дуе

Глагол, несвршен

Спореди: дува.

Значење на дуе:

Полни со воздух; Ги дуеше градите. Ја дуевме фудбалската топка со пумпа. Продолжи да беснее дуејќи ги образите.

Коњугација: ду , дув , дуев , дуеја , дуејќи , дуел , дуен , дуење , дуј , дуја , дујат , дујте , дул.

Изведени зборови:

  • се ~ дуе, 1. Се полни, се подува, се исполнува со воздух. Стомакот му се дуе и му се собира како ковачки мев. Ноздрите му се дуеја колку две охридски цреши. 2. (разг.) Се прави важен, надмен. Се дуеш дека имаш синови. Се дуе, ме одбегнува. 3. (разг.) Се лути. Цел ден се дуе и се инаети.

Оригинални податоци:

дуе, дујат; дуј, дујте; дуев, дуеја; дуел; дуен; дуејќи; дуење; мин. св. дув, ду, дуја; дул несв. Полни со воздух; сп. дува 2. Ги дуеше градите. Ја дуевме фудбалската топка со пумпа. Продолжи да беснее дуејќи ги образите. ● се ~ 1. Се полни, се подува, се исполнува со воздух. Стомакот му се дуе и му се собира како ковачки мев. Ноздрите му се дуеја колку две охридски цреши. 2. (разг.) Се прави важен, надмен. Се дуеш дека имаш синови. Се дуе, ме одбегнува. 3. (разг.) Се лути. Цел ден се дуе и се инаети.