израсплаче

Глагол, свршен

Спореди: расплаче.

Значење на израсплаче:

Расплаче повеќемина одеднаш, сите што се присутни; Ги израсплака децата.

Коњугација: израсплакаа , израсплакав , израсплакал , израсплакан , израсплачат , израсплачен, израсплачете , израсплачи , (ќе) израсплачеа , (ќе) израсплачев , (ќе) израсплачел .

Изведени зборови:

  • се ~ израсплаче, 1. Се расплаче силно. Детето се израсплака на глас и со трчање отиде дома. 2. Се расплачат повеќемина истовремено и одеднаш. Сите се израсплакаа кога ја слушнаа тажната вест.

Оригинални податоци:

израсплаче, израсплачат; израсплачи, израсплачете; израсплакав, израсплакаа; израсплакал; израсплакан; (ќе) израсплачев, (ќе) израсплачеа; (ќе) израсплачел; израсплачен св. Расплаче повеќемина одеднаш, сите што се присутни; сп. расплаче. Ги израсплака децата. ● се ~ 1. Се расплаче силно. Детето се израсплака на глас и со трчање отиде дома. 2. Се расплачат повеќемина истовремено и одеднаш. Сите се израсплакаа кога ја слушнаа тажната вест.