одлета

Глагол, свршен

Спореди: лета.

Значење на одлета:

1. Замине со летање; се оддалечи; долета. Одеднаш гулабот се исплаши и одлета. Два галеба одлетаа во ист правец на синиот хоризонт.

2. Отпатува, напушти место со авион и сл. Тој со семејството вчера одлета во странство.

3. (прен.) За време – брзо помине. Младите години одлетаа.

Коњугација: одлетаат.

Изведени зборови:

  • одлетува, глаг. несв. одлетуваат
  • одлетување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

одлета, одлетаат св. сп. лета. 1. Замине со летање; се оддалечи; спрот. долета. Одеднаш гулабот се исплаши и одлета. Два галеба одлетаа во ист правец на синиот хоризонт. 2. Отпатува, напушти место со авион и сл. Тој со семејството вчера одлета во странство. 3. (прен.) За време – брзо помине. Младите години одлетаа. ǁ одлетува, одлетуваат несв. ǁ глаг. им. одлетување ср.