плеска
Спореди: плесне.
Значење на плеска:
1. Удира по нешто плоскато, широко по површина, при што се слуша плесок. Со пиралката плеска по алиштата ставени на каменот крај реката. Домаќинката рутински го плескаше лебот со раце неколку минути. Децата весело плескаа по водата.
2. Удира шлаканици, тепа некого предизвикувајќи плесок. Секогаш кога ќе стори нешто лошо, таа силно го плеска детето со шлаканици по лицето. Тој секојдневно ги плеска жената и децата и се фали дека е некој маж. Што ако го плескаат секој ден, кога ни слуша, ни разбира.
3. Удира дланка со дланка во знак на одобрување, одушевеност, восхит и сл., покажува задоволство, искажува почит; ракоплеска. Публиката долго му плескаше на пијанистот, а тој се поклонуваше. Кога ги слушнаа резултатите од жирито, насобраните силно плескаа и се радуваа.
4. (прен., разг., пејор.) Зборува глупости; не го контролира сопственото зборување. Таа плеска нешто без врска и не внимава пред кого и каде.
Коњугација: плескаат.
Изведени зборови:
- плескање, глаг. им. ср.
- се ~ плеска, Се удира по дел од телото (образи и сл.). Девојчето се плескаше по раката и самата се казнуваше за сторената грешка.
Оригинални податоци:
плеска, плескаат несв. сп. плесне. 1. Удира по нешто плоскато, широко по површина, при што се слуша плесок. Со пиралката плеска по алиштата ставени на каменот крај реката. Домаќинката рутински го плескаше лебот со раце неколку минути. Децата весело плескаа по водата. 2. Удира шлаканици, тепа некого предизвикувајќи плесок. Секогаш кога ќе стори нешто лошо, таа силно го плеска детето со шлаканици по лицето. Тој секојдневно ги плеска жената и децата и се фали дека е некој маж. Што ако го плескаат секој ден, кога ни слуша, ни разбира. 3. Удира дланка со дланка во знак на одобрување, одушевеност, восхит и сл., покажува задоволство, искажува почит; ракоплеска. Публиката долго му плескаше на пијанистот, а тој се поклонуваше. Кога ги слушнаа резултатите од жирито, насобраните силно плескаа и се радуваа. 4. (прен., разг., пејор.) Зборува глупости; не го контролира сопственото зборување. Таа плеска нешто без врска и не внимава пред кого и каде. ● се ~ Се удира по дел од телото (образи и сл.). Девојчето се плескаше по раката и самата се казнуваше за сторената грешка. ‖ глаг. им. плескање ср.