поаѓа
Спореди: појде.
Значење на поаѓа:
1. Почнува да оди, да се движи; тргнува, заминува некаде. Кога поаѓате за Охрид? Возот поаѓа напладне.
2. (прен.) Има, зема нешто за појдовна точка, за исходиште. Во планирањето на понатамошниот развој на производството, тие поаѓаа од веќе постигнатите резултати.
Коњугација: поаѓаат.
Изведени зборови:
- поаѓање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ми (ти, му ...) поаѓа од / по рака ‒ успева во нешто.
Оригинални податоци:
поаѓа, поаѓаат несв. сп. појде. 1. Почнува да оди, да се движи; тргнува, заминува некаде. Кога поаѓате за Охрид? Возот поаѓа напладне. 2. (прен.) Има, зема нешто за појдовна точка, за исходиште. Во планирањето на понатамошниот развој на производството, тие поаѓаа од веќе постигнатите резултати. ◊ Ми (ти, му ...) поаѓа од / по рака ‒ успева во нешто. ‖ глаг. им. поаѓање ср.