подзачешла
Спореди: зачешла.
Значење на подзачешла:
Зачешла некого малку; Мајката го подзачешла девојчето пред да го пушти на улица.Коњугација: подзачешлаат.
Изведени зборови:
- се ~ подзачешла, Се чешла малку, донекаде, нецелосно. Се подзачешла, се нацрви и излезе од дома.
- (се) подзачешлува, глаг. несв. (се) подзачешлуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
подзачешла, подзачешлаат св. Зачешла некого малку; сп. зачешла 2. Мајката го подзачешла девојчето пред да го пушти на улица. ● се ~ Се чешла малку, донекаде, нецелосно. Се подзачешла, се нацрви и излезе од дома. ‖ (се) подзачешлува, (се) подзачешлуваат несв. ‒ повт.