потаму
Спореди: понатаму.
Значење на потаму:
1. Со просторно значење – во определен правец, понапред, подалеку. Зад реката се касарните, а уште потаму голите и сиви ридови. Не сакаат да погледнат потаму од носот.
2. Со временско значење – подоцна, во иднина. Народната песна ќе се чувствува и потаму во неговите поетски текстови. Јас веќе не ти можам ништо, потаму останува на тебе.
3. Веќе, повеќе. Тој кимна со главата и не смееше потаму да праша за таа работа.
Оригинални податоци:
потаму прил. сп. понатаму. 1. Со просторно значење – во определен правец, понапред, подалеку. Зад реката се касарните, а уште потаму голите и сиви ридови. Не сакаат да погледнат потаму од носот. 2. Со временско значење – подоцна, во иднина. Народната песна ќе се чувствува и потаму во неговите поетски текстови. Јас веќе не ти можам ништо, потаму останува на тебе. 3. Веќе, повеќе. Тој кимна со главата и не смееше потаму да праша за таа работа.