пожали

Глагол, свршен

Спореди: жали.

Значење на пожали:

1. Искаже жал кон некого или кон нешто. Господ ја пожали старицата и си ја прибра. Господарот не ги пожали жетварите и не ја сопре работата и во најголемите горештини.

2. Жали за (по) некого извесно време, обично за покојник. Таа го пожали мажот една година.

Коњугација: пожалат.

Изведени зборови:

  • се ~ пожали, Се поплаче (некому), искаже поплака, незадоволство за (од) нешто. Тој се пожали дека не бил пречекан како што очекувал. Се пожалија на лошото сместување. Се пожали на болки во грбот.
  • (се) пожалува, глаг. повт. (се) пожалуваат

Оригинални податоци:

пожали, пожалат св. сп. жали. 1. Искаже жал кон некого или кон нешто. Господ ја пожали старицата и си ја прибра. Господарот не ги пожали жетварите и не ја сопре работата и во најголемите горештини. 2. Жали за (по) некого извесно време, обично за покојник. Таа го пожали мажот една година. ● се ~ Се поплаче (некому), искаже поплака, незадоволство за (од) нешто. Тој се пожали дека не бил пречекан како што очекувал. Се пожалија на лошото сместување. Се пожали на болки во грбот. ‖ (се) пожалува, (се) пожалуваат повт.