препознае

Глагол, свршен

Спореди: познае.

Значење на препознае:

Одново познае некого што веќе бил познат или нешто што веќе било познато; Мајка му веднаш го препозна. Колата не можеше да си ја препознае.

Коњугација: (ќе) препознаев , (ќе) препознаеја , (ќе) препознаел , препознаа , препознаат , препознав , препознаен, препознај , препознајте , препознал , препознам и препознаам , препознат .

Изведени зборови:

  • препознавање, глаг. им. ср.
  • (се) препознава, глаг. несв. (се) препознаваат
  • се ~ препознае, Се измами дека некој му е познат или дека нешто му е познато. Извинете, се препознав.

Оригинални податоци:

препознае, препознам и препознаам, препознаат; препознај, препознајте; препознав, препознаа; препознал; препознат; (ќе) препознаев, (ќе) препознаеја; (ќе) препознаел; препознаен св. Одново познае некого што веќе бил познат или нешто што веќе било познато; сп. познае. Мајка му веднаш го препозна. Колата не можеше да си ја препознае. ● се ~ Се измами дека некој му е познат или дека нешто му е познато. Извинете, се препознав. ‖ (се) препознава, (се) препознаваат несв. ‖ глаг. им. препознавање ср.