пробуричка

Глагол, свршен

Спореди: буричка.

Значење на пробуричка:

Буричка малку, кратко време; Го пробуричка ручекот да не загори. Пробуричка во чантата, го бараше клучот.

Конјугација: пробуричкаат.

Изведени зборови:

  • се ~ пробуричка, Се вртка кратко време. Се пробуричка меѓу луѓето и си замина.
  • (се) пробуричкува, глаг. несв. (се) пробуричкуваат

Оригинални податоци:

пробуричка, пробуричкаат св. Буричка малку, кратко време; сп. буричка 1, 2. Го пробуричка ручекот да не загори. Пробуричка во чантата, го бараше клучот. ● се ~ Се вртка кратко време. Се пробуричка меѓу луѓето и си замина. ‖ (се) пробуричкува, (се) пробуричкуваат несв.