прозакрпи

Глагол, свршен

Спореди: закрпи.

Значење на прозакрпи:

Закрпи малку, набрзина, како било; Таа ги прозакрпи панталоните колку да се носат низ дома. Мајсторот го прозакрпи ѓумчето.

Коњугација: прозакрпат.

Изведени зборови:

  • се ~ прозакрпи, 1. Се закрпи, закрпи своја облека малку, како било. Немаше кој, па самиот како што знаеше се прозакрпи. 2. (прен., разг.) Се закрепне, се накрене (материјално, здравствено и сл.) малку, на некој начин. Успеаја да се прозакрпат и постепено да излезат од тешката ситуација.
  • (се) прозакрпува, глаг. несв. (се) прозакрпуваат

Оригинални податоци:

прозакрпи, прозакрпат св. Закрпи малку, набрзина, како било; сп. закрпи 1, 2, 4. Таа ги прозакрпи панталоните колку да се носат низ дома. Мајсторот го прозакрпи ѓумчето. ● се ~ 1. Се закрпи, закрпи своја облека малку, како било. Немаше кој, па самиот како што знаеше се прозакрпи. 2. (прен., разг.) Се закрепне, се накрене (материјално, здравствено и сл.) малку, на некој начин. Успеаја да се прозакрпат и постепено да излезат од тешката ситуација. ‖ (се) прозакрпува, (се) прозакрпуваат несв.