раѓа

Глагол, несвршен

Спореди: роди.

Значење на раѓа:

1. а) За жена ‒ донесува на свет дете, добива рожба; станува мајка. Жените треба да раѓаат повеќе деца. Раѓа близнаци. б) За животно ‒ донесе на свет младо животно.

2. За дрво, растение, земја ‒ дава плод. Тој ја гнои земјата за да раѓа повеќе. Лозата раѓаше убави, црвени гроздови.

3. (прен.) Предизвикува некаква појава, постоење на нешто; создава. Тие знаци раѓаа страв во коските. Силата раѓа омраза.

Коњугација: , раѓаат .

Изведени зборови:

  • раѓање, глаг. им. ср.
  • се ~ раѓа, 1. Доаѓа на свет со раѓање, добива живот. Никој не се раѓа учен. 2. (прен.) а) Се создава, се јавува. Меѓу нив се раѓаше силна и трајна љубов. Денот се раѓаше и исчезнуваше. б) За сонце ‒ излегува, се јавува. Сонцето се раѓа на исток.

Фразеолошки израз / поговорка:

Брза кучка слепи кучиња раѓа ‒ ако набрзина се прават работите, резултатот може да биде неповолен.

Оригинални податоци:

раѓа, раѓаат несв.; сп. роди. 1. а) За жена ‒ донесува на свет дете, добива рожба; станува мајка. Жените треба да раѓаат повеќе деца. Раѓа близнаци. б) За животно ‒ донесе на свет младо животно. 2. За дрво, растение, земја ‒ дава плод. Тој ја гнои земјата за да раѓа повеќе. Лозата раѓаше убави, црвени гроздови. 3. (прен.) Предизвикува некаква појава, постоење на нешто; создава. Тие знаци раѓаа страв во коските. Силата раѓа омраза. ● се ~ 1. Доаѓа на свет со раѓање, добива живот. Никој не се раѓа учен. 2. (прен.) а) Се создава, се јавува. Меѓу нив се раѓаше силна и трајна љубов. Денот се раѓаше и исчезнуваше. б) За сонце ‒ излегува, се јавува. Сонцето се раѓа на исток. ◊ Брза кучка слепи кучиња раѓа ‒ ако набрзина се прават работите, резултатот може да биде неповолен. ‖ глаг. им. раѓање ср.