расне

Глагол, несвршен

Спореди: порасне.

Значење на расне:

1. Станува поголем, повисок. Детето раснело многу бргу. Бебето најмногу расне првите месеци од животот.

2. Созрева, достигнува зрелост. Денес девојчињата раснат уште на 11 години.

3. Минува определен дел од животот. Тие раснеа кај баба им. Таа раснеше во голем град.

4. Вирее, вегетира, успешно опстојува. Крај реката раснеа врби. Слушаше како во полето расне житото. Во рана пролет во ливадата раснат полски цвеќиња.

5. За коса, брада и сл. ‒ станува подолго, побујно. Брадата му расне за неколку часа. Ноктите раснат за неколку дена.

6. Нараснува, се наголемува, според количество, интензитет и сл. Водата расне многу бргу и веќе го мина насипот. Кај нас стравот раснеше. Притисокот ми расне. Тестото расне многу бргу со овој квасец.

7. (прен.) Добива поголема вредност, станува поважен. Тој раснеше од помошник до советник, стапка по стапка.

Коњугација: нарасне , нарасте , раснаа , раснав , раснал , раснат , раснат порасте , раснеа , раснев , раснејќи , раснел , раснење , раснет , раснете , расни , расте..

Изведени зборови:

  • раснење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

расне, раснат; расни, раснете; раснев, раснеа; раснел; раснет; раснејќи; раснење; раснав, раснаа; раснал; раснат несв. сп. порасне, порасте; нарасне, нарасте; расте. 1. Станува поголем, повисок. Детето раснело многу бргу. Бебето најмногу расне првите месеци од животот. 2. Созрева, достигнува зрелост. Денес девојчињата раснат уште на 11 години. 3. Минува определен дел од животот. Тие раснеа кај баба им. Таа раснеше во голем град. 4. Вирее, вегетира, успешно опстојува. Крај реката раснеа врби. Слушаше како во полето расне житото. Во рана пролет во ливадата раснат полски цвеќиња. 5. За коса, брада и сл. ‒ станува подолго, побујно. Брадата му расне за неколку часа. Ноктите раснат за неколку дена. 6. Нараснува, се наголемува, според количество, интензитет и сл. Водата расне многу бргу и веќе го мина насипот. Кај нас стравот раснеше. Притисокот ми расне. Тестото расне многу бргу со овој квасец. 7. (прен.) Добива поголема вредност, станува поважен. Тој раснеше од помошник до советник, стапка по стапка. ‖ глаг. им. раснење ср.