распојаса
Спореди: распаше.
Значење на распојаса:
1. Отстрани појас од нечија половина. Жената го распојаси мажот и му даде чиста облека за да се преслече.
2. (прен.) Распушти, дозволи некој да се однесува неодговорно. Таа многу ги распојасала синовите.
Коњугација: распојасаат.
Изведени зборови:
- распојасување, глаг. им. ср.
- се ~ распојаса, 1. Отстрани појас од себеси, слече дел од облека. Комитите се распојасаа и седнаа крај огнот. 2. (прен.) Се раскомоти, се опушти. Тие многу се распојасале, се распуштиле низ куќата.
- (се) распојасува, глаг. несв. (се) распојасуваат
Оригинални податоци:
распојаса, распојасаат св. сп. распаше. 1. Отстрани појас од нечија половина. Жената го распојаси мажот и му даде чиста облека за да се преслече. 2. (прен.) Распушти, дозволи некој да се однесува неодговорно. Таа многу ги распојасала синовите. ● се ~ 1. Отстрани појас од себеси, слече дел од облека. Комитите се распојасаа и седнаа крај огнот. 2. (прен.) Се раскомоти, се опушти. Тие многу се распојасале, се распуштиле низ куќата. ‖ (се) распојасува, (се) распојасуваат несв. ‖ глаг. им. распојасување ср.