расприкаже

Глагол, свршен

Спореди: прикаже.

Значење на расприкаже:

Натера, поттикне некого да зборува, да се занесе во зборување;

Коњугација: (ќе) расприкажеа , (ќе) расприкажев , (ќе) расприкажел, расприкажаа , расприкажав , расприкажал , расприкажан , расприкажат , расприкажете , расприкажи .

Изведени зборови:

  • се ~ расприкаже, Се зазборува, раскаже, прикаже, соопшти нешто опширно, се занесе во зборување. Јас многу се расприкажав. Кога ќе се расприкажат другарките, времето минува бргу.
  • (се) расприкажува, глаг. несв. (се) расприкажуваат

Оригинални податоци:

расприкаже, расприкажат; расприкажи, расприкажете; расприкажав, расприкажаа; расприкажал; расприкажан; (ќе) расприкажев, (ќе) расприкажеа; (ќе) расприкажел св. Натера, поттикне некого да зборува, да се занесе во зборување; сп. прикаже 1. Другарките ја расприкажаа многу. Таа го расприкажа момчето. ● се ~ Се зазборува, раскаже, прикаже, соопшти нешто опширно, се занесе во зборување. Јас многу се расприкажав. Кога ќе се расприкажат другарките, времето минува бргу. ‖ (се) расприкажува, (се) расприкажуваат несв.