свлечка

Глагол, свршен

Спореди: свлече.

Значење на свлечка:

Симне со влечење некого или нешто;

Коњугација: свлечкаат.

Изведени зборови:

  • свлечкување, глаг. им. ср.
  • се ~ свлечка, Се симне со влечење. Нејзината олабавена снага се свлечка на подот. Смокот се свлечка преку камената ограда.
  • (се) свлечкува, глаг. несв. (се) свлечкуваат

Оригинални податоци:

свлечка, свлечкаат св. Симне со влечење некого или нешто; сп. свлече 1. Тој го фати за рамо момчето и го свлечка во долот. ● се ~ Се симне со влечење. Нејзината олабавена снага се свлечка на подот. Смокот се свлечка преку камената ограда. ‖ (се) свлечкува, (се) свлечкуваат несв. ‖ глаг. им. свлечкување ср.