трга

Глагол, несвршен

Спореди: тргне.

Значење на трга:

1. Почнува да оди, да се движи; заминува, некаде поаѓа. Кога тргате за Дојран? Првиот автобус трга рано наутро. За еден час тргаме од дома. Изутрина ќе сме тргале во напад.

2. Влече, тегне. Едниот тргаше на едната страна, другиот на другата. Ја тргал за рака да се пушти од орото. Го тргаше коњот за оглавот.

3. Вади, извлекува нешто со брзо, еднократно движење. Го трга мечот и замавнува.

4. (прен.) Се мачи, минува низ многу непријатности, страда. Многу маки тргало девојчето. Многу тргал тој во животот. И ти да тргаш како мене, та да видиш дали е убаво! 5. (прен.) Има, земе нешто за појдовна точка, за исходиште. Миладинов тргаше од јазикот на народната поезија и затоа се смета за претходник на создавачите на современата македонска поезија. 6. (прен.) Вовлекува, вдишува, пивнува. И трга ли трга од чибукот. Сватовите тргаа лута ракија од пагурот.

5. (разг.) Мери тежина на нешто. Ќе ја тргам вреќава со сол и ќе знам колку тежи.

Коњугација: тргаат.

Изведени зборови:

  • се ~ трга, 1. Се оддалечува, се одвојува од некого, прекинува врска со некого. Мавтајќи со главата, се тргаше настрана. Тргај ми се од пред очи. 2. (прен.) Се ослободува од нешто или од некого, се спасува. Тој се трга, се брани. Се тргам настрана, да не гледам.
  • тргање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го (ме, те...) трга за нос – сп. влече.

Оригинални податоци:

трга, тргаат несв. сп. тргне. 1. Почнува да оди, да се движи; заминува, некаде поаѓа. Кога тргате за Дојран? Првиот автобус трга рано наутро. За еден час тргаме од дома. Изутрина ќе сме тргале во напад. 2. Влече, тегне. Едниот тргаше на едната страна, другиот на другата. Ја тргал за рака да се пушти од орото. Го тргаше коњот за оглавот. 3. Вади, извлекува нешто со брзо, еднократно движење. Го трга мечот и замавнува. 4. (прен.) Се мачи, минува низ многу непријатности, страда. Многу маки тргало девојчето. Многу тргал тој во животот. И ти да тргаш како мене, та да видиш дали е убаво! 5. (прен.) Има, земе нешто за појдовна точка, за исходиште. Миладинов тргаше од јазикот на народната поезија и затоа се смета за претходник на создавачите на современата македонска поезија. 6. (прен.) Вовлекува, вдишува, пивнува. И трга ли трга од чибукот. Сватовите тргаа лута ракија од пагурот. 7. (разг.) Мери тежина на нешто. Ќе ја тргам вреќава со сол и ќе знам колку тежи. ● се ~ 1. Се оддалечува, се одвојува од некого, прекинува врска со некого. Мавтајќи со главата, се тргаше настрана. Тргај ми се од пред очи. 2. (прен.) Се ослободува од нешто или од некого, се спасува. Тој се трга, се брани. Се тргам настрана, да не гледам. ◊ Го (ме, те...) трга за нос – сп. влече. ‖ глаг. им. тргање ср.