тупне

Глагол, свршен

Спореди: тупа.

Значење на тупне:

Се искачи на оградата и тупна со нозете на плочникот во дворот. Тој војнички тупна со нозете и поздрави. Ќе го тупнеше внука си по рамо и ќе заминеше.

Коњугација: (ќе) тупнеа , (ќе) тупнев , (ќе) тупнел, тупнаа , тупнав , тупнал , тупнат , тупнат , тупнете , тупни .

Изведени зборови:

  • се ~ тупне, 1. Се удри, се чукне (во нешто). За малку ќе се тупнел во стаклената врата. 2. (разг.) Наметливо се натрапи некому. Кога ќе се тупне, не му текнува да си оди.
  • (се) тупнува, глаг. несв. (се) тупнуваат
  • тупнување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се тупне некому или некаде – се наметне, отиде некаде непоканет.

Оригинални податоци:

тупне, тупнат; тупни, тупнете; тупнав, тупнаа; тупнал; тупнат; (ќе) тупнев, (ќе) тупнеа; (ќе) тупнел св. сп. тупа 1, 4, 5, 6. Се искачи на оградата и тупна со нозете на плочникот во дворот. Тој војнички тупна со нозете и поздрави. Ќе го тупнеше внука си по рамо и ќе заминеше. ● се ~ 1. Се удри, се чукне (во нешто). За малку ќе се тупнел во стаклената врата. 2. (разг.) Наметливо се натрапи некому. Кога ќе се тупне, не му текнува да си оди. ◊ Се тупне некому или некаде – се наметне, отиде некаде непоканет. ‖ (се) тупнува, (се) тупнуваат несв. ‖ глаг. им. тупнување ср.