угоре

Прилог

Спореди: нагоре.

Значење на угоре:

Насочено во височина, кон горе, кон повисоко; Погледни угоре. Се качуваше по лозјата угоре. Скршнал угоре кон станицата. Ги крена рацете угоре.

Фразеолошки израз / поговорка:

Угоре високо ‒ удолу длабоко ‒ сп. високо.

Оригинални податоци:

угоре прил. Насочено во височина, кон горе, кон повисоко; сп. нагоре; спрот. удолу. Погледни угоре. Се качуваше по лозјата угоре. Скршнал угоре кон станицата. Ги крена рацете угоре. ◊ Угоре високо ‒ удолу длабоко ‒ сп. високо.