украде

Глагол, свршен

Спореди: краде.

Значење на украде:

Присвои нешто туѓо; Му ги украле кокошките. На пазар му украле пари. Крадците украле телевизор, накит и други вредни работи. се ~ Скришно излезе, побегне од некаде. Едвај се украдов да дојдам.

Коњугација: украдат.

Изведени зборови:

  • (се) украдува, глаг. повт. (се) украдуваат
  • украдување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дете од мајка ќе украде ‒ многу вешто краде. Ме украл сонот ‒ сум заспал без да сакам. Украде време ‒ најде време и покрај големата презафатеност.

Оригинални податоци:

украде, украдат св. Присвои нешто туѓо; сп. краде. Му ги украле кокошките. На пазар му украле пари. Крадците украле телевизор, накит и други вредни работи. се ~ Скришно излезе, побегне од некаде. Едвај се украдов да дојдам. ◊ Дете од мајка ќе украде ‒ многу вешто краде. Ме украл сонот ‒ сум заспал без да сакам. Украде време ‒ најде време и покрај големата презафатеност. ‖ (се) украдува, (се) украдуваат повт. ‖ глаг. им. украдување ср.