забрка 2

Глагол, свршен

Спореди: брка.

Значење на забрка:

Почне да брка;

Коњугација: забркаат.

Изведени зборови:

  • забркување, глаг. им. ср.
  • се ~ забрка, Почне да се брка. Децата се забркаа низ полето.
  • (се) забркува, глаг. несв. (се) забркуваат

Оригинални податоци:

забрка2, забркаат св. Почне да брка; сп. брка 1. Виде една мачка и ја забрка. Го забркале арамијата низ гората. ● се ~ Почне да се брка. Децата се забркаа низ полето. ‖ (се) забркува, (се) забркуваат несв. ‖ глаг. им. забркување ср.