заброи
Спореди: брои.
Значење на заброи:
Почне да брои; Замижа и ги заброи ударите по грбот. Тој ги заброи парите.Коњугација: заброија , заброј , забројаа и заброив , забројав , забројал и заброил , забројан и заброен , забројат , забројте , (ќе) заброев , (ќе) заброеја , (ќе) заброел.
Изведени зборови:
- се ~ заброи, Се занесе во броење. Се заброи и заборави да нè послужи.
- (се) забројува, глаг. несв. (се) забројуваат--(се) заброва, (се) заброваат
Оригинални податоци:
заброи, забројат; заброј, забројте; забројав, забројаа и заброив, заброија; забројал и заброил; забројан и заброен; (ќе) заброев, (ќе) заброеја; (ќе) заброел св. Почне да брои; сп. брои 1 и 2. Замижа и ги заброи ударите по грбот. Тој ги заброи парите. ● се ~ Се занесе во броење. Се заброи и заборави да нè послужи. ‖ (се) забројува, (се) забројуваат/(се) заброва, (се) заброваат несв. ‖ глаг. им. забројување/забровање ср.