задоцнет

Придавка

Спореди: задоцни.

Значење на задоцнет:

Што се појавува по вообичаеното, определено време; Задоцнет минувач. Задоцнета грижа. Задоцнета пролет. Задоцнети сигнали.

Членувана форма: задоцнетиот.

Изведени зборови:

  • задоцнето, прил. Сè се одвиваше некако задоцнето.
  • задоцнетост, и. ж.

Оригинални податоци:

задоцнет, задоцнетиот прид. Што се појавува по вообичаеното, определено време; сп. задоцни 1 и 2. Задоцнет минувач. Задоцнета грижа. Задоцнета пролет. Задоцнети сигнали. ‖ задоцнето прил. Сè се одвиваше некако задоцнето. ‖ задоцнетост ж.