заклешти
Спореди: вклешти.
Значење на заклешти:
Фати, стегне како со клешти; Ме заклешти со силните раце.Коњугација: заклештат.
Изведени зборови:
- заклештување, глаг. им. ср.
- се ~ заклешти, (прен.) Силно се стегне нешто, се здрви да не може да мрда. Вилиците му се заклештија.
- (се) заклештува, глаг. несв. (се) заклештуваат
Оригинални податоци:
заклешти, заклештат св. Фати, стегне како со клешти; сп. вклешти. Ме заклешти со силните раце. ● се ~ (прен.) Силно се стегне нешто, се здрви да не може да мрда. Вилиците му се заклештија. ‖ (се) заклештува, (се) заклештуваат несв. ‖ глаг. им. заклештување ср.