Резултати за пребарувањето: авка

џавкање | глаг. им. ср.

Зборот е поврзан со:

наставка | ж.

(лингв.) Формообразувачки или зборообразувачки дел од зборот што стои по основата; суфикс.

венчавка | ж.

Венчање, венчавање; свадба. Венчавката беше многу убава.

заглавка | ж.

Клин што се забива во рачка, во дршка на секира, во мотика и сл. При работењето ми испадна заглавката од секирата.

составка | ж.

Составен дел на една целина. Составка на општата борба. Составка на креативниот процес.

доставка | ж.

Нешто што е испратено, доставено: вест, извештај, пари и сл. Не постои опасност од лажна доставка. На контото во банката ќе одат парични доставки на фирмата.

проџавка | св.

За куче ‒ почне да џавка.

гоштавка | ж.

Гоштавање. Ја наместија трпезата во дворот и таму ја правеа гоштавката.

поставка | ж.

Тврдење, формулирана мисла што се изнесува како став. Сеедно од која поставка ќе тргнеме, тешко ќе се определиме за која и да е дефиниција за поезијата. Теоретска поставка.