Резултати за пребарувањето: амин
амин | изв.
Означување крај на молитва, со значење: вистина е, така е. На секое амин луѓето се крстеа. Сега и во сите времиња, амин.
намин | м.
Наминување – обично во составот: на наминот. Ќе поминам оттаму и на наминот ќе видам дали си дошле децата.
замин | м.
Само во изразот на замин – патем, попатно, на заминување. На замин ни се обрати со чудна насмевка. Му дофрли нешто на замин.
камин | м.
Полуотворена, ѕидана печка за греење на простории со огнот што гори во огништето. Во каминот запламтува и затреперува огне.
мамин | прид.
Што припаѓа на мама. Мамин син.
дамин | прид.
Што ѝ припаѓа на дама. Дамин фустан.
тамина | прил.
Приближно, одоко. Еве што зајре зедов по тамина, оти не ми нарача што да земам.
замине | св.
Тргне да оди, отпатува некаде. Тој замина на печалба. Утре ќе заминеме на годишен одмор. Тие заминале в град.
намине | св.
Патем посети некого или нешто на кусо време. Намини кај мене на едно кафе. Кумата, кога ќе се пуштеше црквата, секогаш ќе наминеше кај нас. Ќе наминам во аптеката да видам дали добиле лекови.
камини
Зборот е поврзан со: