Резултати за пребарувањето: ар

варди | несв.

Внимава, демне, следи. Ќе треба овде да останеме и да вардиме на народот.

забар | м.

Лекар за болести на забите; заболекар, стоматолог.

жабар 1 | м.

Лице што лови, фаќа жаби.

жарка | несв.

барка | несв.

Бара по малку, внимателно, со напипување. Туѓите луѓе со чудни инструменти баркаа по дното на езерото.

арија | ж.

Пеење со инструментална придружба, најчесто во опера; мелодија, напев. Оперска арија. Позната арија.

варен 1 | прид.

Што се однесува на храна приготвена со варење. Варена пченица. Варено јадење. Варено јајце.

анџар | м.

Долг, тенок и извиен нож, остар од двете страни.

Ариец | м.

Термин за припадник на индоевропските народи.