Резултати за пребарувањето: ар

харинга | ж.

Вид морска риба: Clupea harengus.

пачариз | м.

Лом, безредие.

житарец | м.

Инсект тврдокрилец кој го напаѓа житото; Zabrus tenebrioides. Житарецот е еден од најопасните штетници на пченицата, јачменот и 'ржта.

нарасне | св.

Стане повисок, потпорасне. Кога ќе ти нараснат децата, ќе ти биде полесно.

харизма | ж.

Способност, моќ за силна привлечност и импресионирање.

харфист | м.

Тој што свири на харфа.

нарамка | ж.

Стомна што се носи на рамо.

превара | ж.

Измама. На превара му ги зел парите. Варди се да не ти стори некоја превара. Ѓаволска превара.

парцела | ж.

Обележано парче земјиште за определена намена. Поле со разновидни парцели. Градежна парцела. Парцела на градските гробишта.