Резултати за пребарувањето: ар

кошарка 2 | ж.

Игра со топка меѓу две екипи во која секоја екипа се труди да победи со поголем број уфрлени топки со раце во противничкиот кош. Момчево добро игра кошарка.

ќарџија | м.

Тој што е лаком по пари, по заработка.

матичар | м.

Административно лице што води евиденција за родените, венчаните и умрените. 2, Лице што венчава.

царевен | прид.

Што е од царевка; Царевен леб. Царевна погача. Царевно брашно.

аршлама | ж.

Едногодишно растение, со главичка во земјата и издолжени листови, пера, сладок кромид; Allium fistulosum.

хонорар | м.

Парична награда, надоместок по договор за извршена квалификувана работа на писатели, актери, адвокати и сл. Авторски хонорар. Добиваше солиден хонорар.

валугар | м.

Орев што се фрла во игра со ореви.

маскари | несв.

Срамоти, изложува на потсмев. Го маскареше кај ќе стигнеше.

аранија | ж.

Голем бакарен котел. Куќа без аранија не бидува.