Резултати за пребарувањето: ар

коритар | м.

Тој што прави корита, рачно изработени од дрво или од лим.

царевен | прид.

Што е од царевка; Царевен леб. Царевна погача. Царевно брашно.

лапарда | ж.

Вид факел направен од краток стап на кој е врзано сено или слама, во кои се става жар и со мавтање се распалува.

платнар | м.

Тој што ткае или што продава платно.

копитар | м.

Тревопасен цицач што има копита (коњ, зебра итн.) тревојади со копита.

копарок | м.

Место обраснато со ситна шума.

нартекс | м.

Предворје на храм.

аранжер | м.

Уредувач, подготвувач, лице што средува нешто (цвеќе, излог и сл.). Момчето работеше неколку години како аранжер на скопските излози.

царизам | м.

Облик на владеење со неограничена власт на царот; царски апсолутизам.