Резултати за пребарувањето: ар

музичар | м.

Тој што се занимава со музика. Врвен музичар. Популарен музичар.

ракетар | м.

Аматер што се занимава со изработка на летала на реактивен погон. Најдобрите ракетари беа наградени.

распара | св.

Рашие, испара, искине по шевот нешто сошиено. Таа ја распара кошулата. Детето ги распара новите панталони на неколку места.

развари | св.

Со долго варење направи нешто да стане претерано меко. Добро развари го месото.

кокарда | ж.

Метална значка на службена шапка.

разжари | св.

Распали, разгори оган, направи жар. Тој го разжари огништето.

шалвари | и.

Вид облека што го покрива долниот дел на телото, долги и широки панталони со ногавици собрани на глуждовите. Свилени шалвари. Модерни шалвари со цветен дезен. Шалварите од Турција се изработени од свила и имаат разнобојни дезени.

кожувар | м.

Тој што изработува или што продава кожуви; крзнар, ќуркчија.