Резултати за пребарувањето: ар
паничар | м.
Тој што лесно се избезумува од страв.
раскара | св.
Предизвика, направи караница меѓу некого, скара. Старата го раскара синот со снаата. Новата невеста ги раскара роднините.
шаролик | прид.
Што е разнообразен, мешан. Шаролик предел со различни ендемски видови растенија. Шаролика група. Шаролик свет.
дојарка | ж.
развари | св.
Со долго варење направи нешто да стане претерано меко. Добро развари го месото.
маршира | несв.
Чекори во марш; се движи кон определена цел. Војската маршираше низ улиците на градот. Војниците маршираа 40 километри до фронтот.
кокарда | ж.
Метална значка на службена шапка.
нартекс | м.
Предворје на храм.
кожувар | м.
Тој што изработува или што продава кожуви; крзнар, ќуркчија.
пазарен | прид.
Што се однесува на пазар, што е наменет за пазар. Пазарни односи. Пазарен простор. Пазарни стоки.