Резултати за пребарувањето: ар

шароног | прид.

За животно (коњ, мачка и сл.) – што е со шарени нозе, со боја на нозете поинаква од таа на трупот. Шаронога кобила. Шаронога мачка.

шаролик | прид.

Што е разнообразен, мешан. Шаролик предел со различни ендемски видови растенија. Шаролика група. Шаролик свет.

шармира | св. и несв.

Занесе, занесува, привлече, привлекува, се допадне, се допаѓа некому; употреби, употребува сопствен шарм за да постигне нешто. Таа ги шармира момчињата во класот. Тој ги шармира родителите на девојката. Неговиот настап ја шармираше публиката.

партнер | м.

Соучесник во игра. Играта се губи кога се потценува партнерот. Тој бара партнер за партија шах.

шваргла | ж.

Сувомесен производ, еден вид колбас. Чадени шваргли. Банатска шваргла.

арамија | м.

Крадец, разбојник. Кој беше арамијата, а кој чесниот, кој грабаше, а кој чуваше? Ме држи пред минувачите како фатен арамија.

доварди | св.

Дочува, зачува. А, леба ми, тројца ергени ќе можат една сестра да довардат. Таа ноќ момчето не заспа и ја доварди нивата.

Сараево | ср.

Главен град на Босна и Херцеговина.