Резултати за пребарувањето: ар

дарбука | ж.

Арапски музички ударен инструмент од печена глина во вид на широко грне со оптегната кожа на отворот.

караула | ж.

Стражарница на граница, крај мост, на пат и сл. Гранична караула. Војничка караула.

стомнар | м.

Грнчар што изработува стомни.

бочвари

Зборот е поврзан со:

стјуард | м.

Вработен во бродска или авиокомпанија што се грижи за потребите на патниците.

стопаре | ср.

Половина динар, педест пари.

преарен | прид.

Што е премногу арен; предобар. Си зеде жена арна, преарна.

парчоса | св.

Распарчи, раздели, раскине на парчиња. Го парчоса бокалот. Гладниот волк го парчоса јагнето.