Резултати за пребарувањето: ар

аргач | м.

Простор пред трло ограден со прачки каде што се чува ситен добиток, обично овци. Овците останаа сами во аргачот, пред колибата.

бакар | м.

Само еднина. Хемиски елемент, метал со темноцрвена боја; симбол Cu. Мек бакар. Позеленет бакар. Не е од чисто злато, туку од бакар или од тенекија.

дечар | м.

Тој што многу сака деца и умее да се однесува со нив.

вепар | м.

Машка дива свиња.

варен 2 | прид.

Што е од вар. Варни соли.

велар | м.

Заднонепчена согласка (к, г, х).

вилар | м.

Тој што прави вили.

гушар | м.

Вид гулаб со гуша; Columba gutturosa.

бубар | м.

Одгледувач на свилена буба.

кадар | прид.

Што е способен, што може нешто да направи. Слаб е, не е кадарен да се бори