Резултати за пребарувањето: ар

армасар | м.

Стројник, посредувач за да дојде до свршувачка. Бојан беше единствениот армасар во селото.

смарагд | м.

Вид скапоцен камен со зелена боја. Прстен со смарагд.

оствари | св.

Исполни замисла, план, реализира. Тој ја оствари својата цел. Остваривме добивка од годинешната реколта.

сточари | несв.

Се занимава со одгледување стока. Сточареа долги години, со генерации.

царство | ср.

Држава со монархистичко уредување на чело со цар. Стариот цар ги прошири границите на царството. Верни поданици на царството.

дарчоци

Зборот е поврзан со:

дарчоци

Зборот е поврзан со:

остарен | прид.

За лица – што станал стар. Предвреме остарена жена. Остарено лице.

јагарец | м.

Жлезди на вратот во вид на грутчиња. Му се јавија јагарци под ушите.