Резултати за пребарувањето: ар

бодар | прид.

Што е многу витален, исполнет со енергија. Тој беше низок, весел, бодар човек.

габар | м.

Човек што собира габи. По дождот излегоа габарите да берат габи.

кашар | м.

Тој што многу сака каша, љубител на каша.

кедар | м.

Вид иглолисно дрво; Cedrus. Шума без крај, иглолисни дрвја во недоглед: даб, кедар, елка.

архив | м.

Установа каде што се примаат, се проучуваат и се чуваат стари документи. Архив на Македонија. Државен архив. Градски архив.

зарек | м.

Зарекување, заклетва. Тој го изневери дадениот зарек.

кибар | прид.

Што е отмен, елегантен, уреден, педантен; што е достоинствен, горд. Кај е за него оваа куќа домаќинска и вакво кибар девојче.

Дебар | м.

Град во Македонија.

вајар | м.

Уметник што се занимава со вајање; скулптор.

катар | м.

Воспаление на слузницата на некој орган. Бронхијален катар. Катар на желудникот.