Резултати за пребарувањето: ар
кенар | м.
Вид подебел памучен конец со кој се везе платното за да зајакне.
денар | м.
Основна парична единица во Република Северна Македонија. Десет денари. Сто денари.
озари | св.
Одеднаш осветли нешто. Вратата се отвори и го озари силна светлина.
декар | м.
Мера што означува површина од десет ари; површина од 1000 метри квадратни.
козар | м.
Тој што ги чува, што ги пасе козите. Козарот ги пасе козите на планина.
опари | св.
Направи некој да стекне пари. Таквата добивка го опари.
динар | м.
Основна парична единица во некои земји, некогаш и сега. Југословенски динар.
бубар | м.
Одгледувач на свилена буба.
кварт | м.
Дел од градот, градска четврт, реон. Таа живее во новиот кварт од градот.
арома | ж.
Пријатен мирис. Липата и без лимон има пријатна арома.