Резултати за пребарувањето: ар
велар | м.
Заднонепчена согласка (к, г, х).
вепар | м.
Машка дива свиња.
барон | м.
Благородничка титула пониска по ранг од грофовската. Им се додворуваа на своите барони, новите господари.
шарка 2 | ж.
Метален дел, желевце за поврзување кај врата, различни други делови од мебел, кутија, рамка на врата, крило на прозорец. Метални шарки. Една шарка на дрвената кутија беше разнишана.
инќар | м.
Одрекување, оспорување.
ветар | м.
Струење на воздухот во атмосферата предизвикано од разликата во температурата на воздушните слоеви или од разликата во притисокот. Дува ветар. Северен ветар.
лебар | м.
Тој што пече и продава леб; пекар.
шарпа | ж.
водар | м.
Лице што носи вода за пиење. На чешмата имаше многу водари.
барок | м.
Стил во европската уметност (архитектурата, вајарството, сликарството, декоративната уметност, литературата) од крајот на XVI до средината на XVIII век, чии главни карактеристики се претеран декоративен раскош и патетичност (во пишувањето).