Резултати за пребарувањето: ар

зараѓа | св.

Почне да раѓа. Жената зараѓа, а немаше кој да ја однесе в болница.

бравар | м.

Занаетчија што изработува брави. Детето изучи за бравар.

наруча | св.

Даде некому да руча, даде ручек. Им меси пита и убаво ги наруча децата.

нашари | св.

Направи нешто да биде шарено, со шарење украси. Стомната ја нашари со разни цветчиња.

нектар | м.

Во грчката митологија – пијалак на боговите што ги правел бесмртни.

ишарка | св.

Таа го ишарка цртежот.

архива | ж.

Одделение, служба во претпријатие или установа што работи со документи, акти, списи и сл.

неарен | прид.

Што не е арен, што не е добар; лош. Неарна работа. Неарен однос. Неарна шега.

нароси | св.

безл. (само 3 л.) Падне роса врз некого, врз нешто. Не излегувај, надвор роси, ќе те нароси.

бочвар | м.

Тој што изработува бочви. Тој две години учеше за бочвар кај еден мајстор.